Слободата не значи буквално се

Published by sarissa.institute on

Сашо Петковски

Живееме во време кога слободата е најбитна за развиток на едно здраво општество. Без неа просперитетот би бил замислена именка. Слобода значи индивидуално или општествено дејствување без да се соочи со препраки.

Но што всушност е слобода? Секоја индивудуа има различна перцепција кон овој збор. Кога добро ќе размислиме, слободата не би била слобода доколку не е ограничена. Таа не може да биде без граници. Буквално се што ги поминува своите граници претставува препрека за одредено нешто и тоа воедно повеќе не е слобода.

Во последно време сведочиме многу примери за луѓе кои го промениле својот пол. Некои мажи имаат тенденција да станат жени, други пак обратно. Тоа го гарантира нивното слободно право на избор. Како такво треба и да се третира бидејќи не треба да не засегаат туѓите животи како и желбите и целите на другите луѓе.

Секој има право на избор како и со кого ќе живее во едно здраво демократстко и слободно општество. Секој може да постапува согласно своите чувства, без да биде осуден од страна на општествената администрација.

Но кога луѓето пробуваат своите желби замисли и постапки да ги наметнат на други луѓе кои не го делат истото мислење, тогаш тоа е веќе проблем. Проблем е бидејќи така се нарушува слободната мисла и начин на живот на одредена група на луѓе, во случајов мнозината.

Проблемот со промената на полот познато како трансџендер постои. Многумина ќе се запрашаат и ќе прашат други луѓе каде и во што е проблемот. Тој проблем ќе повторам не е во личниот избор на трансџендерите туку наметнувањето на истоименото врз целокупното општество.

Дали личните чувства треба да се над законот на природата? Или пак над науката? Се разбира дека не и никогаш нема да биде над, особено за пошироката јавност. Разни лоби групации пробуваат овие искривени теории да ги наметнат на општеството преку платени научници и универзитетски професори кои тврдат дека полот е чувство.

Според нив децата се раѓаат без пол и тие самите треба да си изберат што сакаат да бидат. Замислете, на какво ниво ги сведуваат законите на природата како да се на пазар. Постојат само два пола, машки и женски. Ниту повеќе ниту помалку. Вие можете како сакате да се чуствувате и претставувате, тоа е ваше демократско право но тоа не можете да го наметнувате на луѓе кои се потпираат на науката.

Сето тоа нема крај. Од ден во ден се “раѓаат” нови полови. Млади луѓе мислат дека денес се машки, утре се жени, задутре се без пол а прекутре џедаи. Постојат земји како Канада, Калифорнија итн. Што законски го третираат непочитувањето на овие збунети човечки желботеки како кривично дело. Покрај кривично дело, луѓето кои не се слагаат со овие мислење за етикетираат како хомофоби, трансфоби и како ли не ќе им текне. Во тие земји самото општество врши притисок кон обичните граѓани да го прифатат овој начин на живот. Особено притисокот е голем во образовниот систем кој од ден во ден ги врбува младите луѓе и им сее збунетост во својот живот.

Тоа е директен напад на неистомислениците и кратење на нивната слобода. Обичниот граѓанин е потиснат бидејќи му се наметнуваат вредности и начин на живот кој е неприфалив за нив. Обичниот граѓанин не поддржува и не посакува деструктивни методи кон луѓе кои менуваат пол или се чуствуваат како ќе им текне, туку не сакаат ним да им се наметне таквиот начин на живот. Нивниот збор и мислење се потиснува и тоа е нарушување на слободата.

Имаме и примери каде пробуваат да наметнат луѓе со променет пол и во спортот. На последната олимпијада во Токио 2020 каде натпреварувачот на Нов Зеланд во дигање тегови беше маж а се натправаруваше меѓу жените. Тоа е голем проблем. Тоа е непочит кон сите жени на планетата, тоа е непочит на сите спортисти кои се спремале целиот свој живат. Еден ден доаѓа маж кој има далеку посилни физички предиспозиции и останатите жени не можат да дојдат до израз.

Добиваме оправдувања дека сепак тие транс спортисти се жени. Тие не се жени, тие се биолошки мажи, колку и да се чуствуваат како жени. Имаат поголем тестостерон од било која жена спортист (без разлика какви хормонски терапии пијат). Тое воопшто не е фер и тое е директен напад на слободата. Но истите луѓе кои го бранат и поддржуваат ваквите постапки не образложуваат зашто жени кои постанале мажи не се натпреваруваат во спортуви со мажи. Бидејќи знаат дека физичките способности им се послаби и не би имале успех како што би имале во слочак кога мажи со променет пол настапуваат против жени. Да напоменеме и дека ова може и да се злоупотребува со тоа што мажи кои “под сомнителни околности” би постанале жени за да зграбат успех во одредени спортови.

За крај би повторил дека општетвото нема проблем со луѓе кои си го промениле полот или пак сакаат да го променат. Тоа си е нивно право и нивен личен избор бидејќи така подобро се чуствуваат. Тие не заслужуваат да се дискриминирани, напаѓани, омаловажувани и изолирани од општеството, но исто така и не заслужуваат да го наметнуваат нивносто мислење и избор на начин на живот врз неистомислениците.

Животот е краток, светот е голем, а во него има место за сите. Секој треба да се чуствува угодно, да го живее својот начин на живот без да наштетува на другите, а тоа не е возможно без слобода. Слободата е основата за среќно општество, но истата не може да постои доколку се наметнуваат туѓи мислења како задолжителни, а различните се угнетуваат и оцрнуваат. Тоталитарните општества еднаш умреа и доколку се појават ќе умрат повторно. Да живее слободната мисла!

Колумната е превземена од Conservatives Global


0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *