Колумна на проф. м-р Благојче Наумоски – „Современи тенденции во науката и уметноста“

Published by sarissa.institute on

Постмодернизмот е поим кој се обидува да вклучи нов начин на давање смисла на светот. Тој ја отфрла привилегираната положба на типичномодерните правци и го насочува вниманието врз разновидноста на стиловите.

Покренат е недостиг на еднообразност и културна центрираност. Нагласокот е врз различностите и промените. Наместо естетското постмодернизмот го почитува инстиктивното. Акцентот е врз играта, а не врз правилата. Постмодернизмот го сака мешањето на стиловите и е толерантен спрема расцепканоста и нејаснотоста. Изразено е негирање на историјата, па минатото се третира како складиште на облици кои се отргнати од временскиот контекст и се употребени во пригоден момент поради вклопување во сегашноста.

Веќе во постмодернистичкото време се препознаваат ситуации во кои западниот поглед на светот е непримерен. Цивилизацијата е потопена во новиот состав на вреднување. Причините за тоа се пред се во современите физички, филозовски и технолошки познавања. Имено, отворена е нова можност на перцепирање на околината и на себе: пронаоѓање физичко – филозовски принцип на детерминација.

Начелото на детерминираноста покажа дека не можеме веќе со сигурност и прецизност да ги одредуваме причините, положбата и времето на случувањата во материјалниот свет. Можеме само да ги одредиме постоечките тенденции и случувања. Во спротивноста со механичкиот поглед на светот, светот се покажа во друго светло, како органска, еколошка и пред се интерактивна и целосна појава.

Овие сознанија ни нудат нови можности на перцепирање. Во ликовната уметност тоа отворено се отсликува врз постапувањето со набљудувачите. Придавањето на важноста на влијанието и меѓусебната интеракција помеѓу набљудувачот и набљудуваното, се развиваат поинакви сознанија за нашата перцепција, за сознанието на околината, за себе и целината. Искуството на набљудувачот станува важен фактор при опишувањето на составот. Се покажало дека е потребно да се избрише стариот поим „набљудувач“, а на негово место да се стави нов – „учесник“.

Уметноста не е игра без правила, но секогаш можеме да ја модифицираме или да предложиме друга во текот на процесот на интерпретација. Правилата на уметничката игра во таа смисла се бескрајно променливи. Таа планира да ги соочи партнерите: уметникот и набљудувачот. Тоа соочување е секогаш привремено, врзано за повеќе дискурси и е условувано од можните просторни односи.

Теоријата на организираниот хаос и теоријата на релативноста на почетокот на XX век го отворија универзумот на квантната физика и го уништија картезиски- њутоновиот состав. Новите сваќања се на удар и на верата и на науката. Во прашање е сигурноста на знаењето и умот како почитувани ентитети покрај кои сме ја опишувале реалноста во изминативе неколку векови, а исто така и верата, но не како личен одраз, туку веќе како организирана институција. Новите научни сознавања започнале промени во перцепцијата: од физичките познавања спрема сознавањата на фрекфрентните промени на текот на нештата.

Промените ја докажале релативистичката вистина во науката и нејзините последици покрај кои се одредувани традиционалните концепти и теории. Во делеузовскиот дискурс говориме за состојбата на константните кризи. Рационалниот ум не може да ја вклучува потполната и севкупна вистина. Од тоа следи дека таквата наука и јавните медиуми не се занимаваат со вистината, туку со опишување на нејзината блискост.

Вака чувствителната партиципаторска реалност ги прави основните концепти на движење, сознание и чувство низ кои ги доживуваме просторот, реалноста, времето и свеста.

Формата ја следи функцијата – било основа на начелото на модернизмот. И иако живееме во постмодерно време, лекциите кои ги подучуваат модернистите се сеуште релевантни. Не се работи за стил и функционалност, во прашање е основната заедничка природа на науката и уметноста. Нашите разбирања на научните методи имаат претрпено парадигма на промените во минатите генерации. Науката веќе не ја перцепираат како да бара безусловна вистина, нејзиниот метод ја користи човечката фантазија во потрага за „моделите“, кои објаснуваат и обезбедуваат разбирање. Научните теории (или модели) можеби не наликуваат на уметнички дела, но се човечки творби во паметот и се изложени на силни чувства внатре во научната заедница.

Користењето на науката од страна на уметниците, мислам дека е чекор во правец на здобивање повеќе сила за уметниците. Целта на науката е да објаснува и да пружа разбирање, но науката е многу повеќе од сув процес на разумот, таа повторно се повеќе и повеќе не зачудува и ги трансформира нашите животи. За уметноста се фрлаат повеќе светла на човечката состојба а тоа ќе се постигне со комбинација на страст и разум … иако можеби причината се сокрива далеку во победеното уметничко дело.