Модерно распнување

Живееме во едно модерно општество каде слободата на изразување е една од основите за просперитет. Но, дали таа навистина пости или пак постои само за одредени цели кои би придонеле за реализација на едно одредено општество како што некој го замислил? Секуларноста која е најзастапена во западниот свет, која всушност значи сепарација на религијата со управувањето на државата, наместо тоа таа прерасна во анти-религиска особина. Религијата постои од кога постои човекот и досега не е Read more…

Мисловноста на македонски

Јазикот е нашето духовно домување. Веднаш по првиот „трепет“ на нашата свест, мислата се раствора во својот говор. Јазикот е најблиското духовно средство кое претставува верен следбеник на нашето Јас. Слуга на духот, кој му овозможува да си ја покаже својата животворност распростирајќи се и определувајќи се себе си. Тој е најважното духовно наследство кое нѝ ја овозможува световноста и ја определува нашата посебност, идентитет, во светската раскошност на јазици. Јазикот е најдиректното сведоштво за Read more…

Конфликтот во Кавказот

“Ipsam historia repetit” или „Историјата се повторува“. Кавказ, планинско место со бурно минато. Деновиве сме сведоци на разгорување уште еден конфликт. Овој пат во Република Арцак. Арцак е самопрогласена држава (призната само од 3 држави кои воедно и тие не се членови на Обединетите Нации) со нерешен статус. Во минатото, регионот е познат како Автономна Република Нагорно – Карабаг. По пропаста на Руската империја во 1917 година, на територијата на Кавказ е формирана Транскавказка демократска Read more…

Новите генерации и подемот на конзервативизмот

Генерацијата Z бргу ги замени нивните претходници, милениумците. Од податоците кои се засега достапни, таа е најобразованата генерација досега, комплетно дигитализирана и информирана за сите значајни теми во општеството. Информациите се, секако, мали за политичките склоности на зачетокот на оваа генерациска група – од кои најстарата е на возраст од околу 24 години – но се собираат знаци кои навестуваат на изненадувачки конзервативни импулси. Традиционално, младите скоро секогаш имале склоност кон прогресивноста. Како дополнување на Read more…

Постои мудрост во обичаите и традицијата

Во мојата последна колумна пишував за разликата помеѓу конзервативци од различни земји и потекло, објаснувајќи како е да се биде американски, британски или македонски конзервативец, зависно од тоа што сакате да сочувате. Посочив дека македонските конзервативци сакаат да ја сочуваат Македонија и се она што ја прави да биде и што е уникатно за неа. Потоа забележав дека сите конзервативци, без разлика од која земја и потекло се, сите тие делат особини кои што се Read more…

Падот на лажното либерално левичарство

Како што покажала историјата, левичарското движење во светот не донела никому добро. Познато е како завршија сите земји кои беа лидери или следбеници на тој систем. Едноставно тие доживејаа крах од економски и општествен аспект и карактер. По втората светска војна општеството било заситено од тогашните канцерогени методи како нацизам, расизам и други дерогативни особини кои полека почнало да ги отфрла истите. Европските левичари користејќи ја таа енергија се впуштиле во невидлива војна против традиционалното Read more…

Конзервативизмот наспроти формите на меѓународни односи – предуслови во решавањето на Европската миграциска криза

2015та година беше обележана за Европа со повеќекратно зголемување на протокот на мигранти и бегалци од Средниот Исток и Африка. Оваа миграциска криза се нарекува европска миграциска криза, која Европската комисија ја призна како најголемата од периодот на Втората светска војна. Големината и едностраната природа на оваа криза предизвикаа мешани реакции во светот. Некои, осврнувајќи се на искуството на Римската империја, ја доживеале миграциската криза како почеток на крајот на европската цивилизација. За други, сегашната Read more…

Христијанството како чувар на традиционалните вредности

Уште од својот почеток Христовата Црква се јавува како чувар на традиционалните вредности и како градител на едно здраво и нормално општество. Низ многувековната историја на христијанството гледаме како тоа се трудело да ги зацврсти добрите традиции кои луѓето со текот на времето ги заборавиле. Христијаните, а и самиот Христос биле обвинувани дека ја нарушуваат традицијата и носат нови обичаи, но тоа не било целта на христијанството, напротив христијанството само ги потврдува Законот и обичаите Read more…

Дисциплината и иднината на нацијата

Почитувањето на однапред утврдени правила на однесување е во основата на функционирањето на едно општество. Дисциплината може да му помогне на еден човек да живее мирно и да биде почитуван во својот социјален круг. Таа спречува појава на сериозни социјални проблеми преку придржување до законот и редот, и го регулира општеството да се движи во вистинската насока. За нешто да биде ефикасно или за да се постигне нешто, потребно е да постои консистентен и постојан Read more…

Регионални избори Италија 2020

Септември 20ти 2020 година е денот кога треба да се одржат преостанатите регионални избори во Република Италија. Во пракса секој регион одржува свои избори, но по добиената поддршка на Матео Салвини за предвремени избори и застојот од корона кризата оваа година ќе се одржат во ист ден. Главните учесници се коалицијата на левичарите, предводени од Демократската партија, Десната коалиција предводена од Лигата на Матео Салвини и Движењето 5 Ѕвезди. Валдостан, Апулија, Кампанија, Лигурија, Марkе, Тоскана Read more…