Дали достигнавме врвна глобализација?

Published by sarissa.institute on

Елена Зарковска

Глобализацијата е дефинирачка одлика на современиот свет. Затоа, денес светот дебатира за тоа дали пандемијата COVID-19 ќе ја зајакне или ослабне. Некои политички аналитичари тврдат дека владите треба да бидат претпазливи, кога се користи стратегија на изолационизам и дека деглобализацијата може да се покаже како сериозна грешка. Зголемување на глобалната интерконекција расте со прекуграничните текови на луѓе, стоки, енергија, е-пошта, телевизиски и радио сигнали, податоци, лекови, терористи, оружје, јаглерод диоксид, храна, пари и секако вируси (биолошки и софтверски). Тоа беше дефинирачка одлика на современиот свет. Прашањето сега е дали глобализацијата го достигна врвот – и, ако е така, дали тоа што следува треба да се прифати или отфрли. Луѓето и стоките отсекогаш се движеле низ целиот свет. Она што е различно денес е скалата, брзината и разновидноста на овие текови. Нивните последици се веќе значајни и стануваат се поголеми. Вечните ривали ги оформуваа историските текови во изминатите неколку векови и придонесоа во голема мера сегашната ера да биде дефинирана од глобалните предизвици и начинот на кој светот им се обраќа.

Глобализацијата денес е предводена од современата технологија, од авиони и сателити до Интернет, како и од политиките што отворија пазари до трговија и инвестиции. Тие ја промовираа и стабилноста и нестабилноста, првата преку овозможување бизнис и туризам, а втората со поттикнување на протоците на мигранти и бегалци. Во најголем дел, владите гледаа на глобализацијата како на чиста придобивка и генерално и дозволија да го спроведе својот тек. Но, глобализацијата, како што е јасно од нејзините различни форми, како може да биде како деструктивна, така истата може да е и конструктивна. Во последниве години, поголем број влади и луѓе ширум светот сметаат дека таа се повеќе претставува нето ризик. Кога станува збор за климатските промени, пандемиите и тероризмот – сите влошени од глобализацијата – не е тешко да се претпостави зошто. Но, во други области, зголеменото спротивставување на глобализацијата е посложено. Размислете за трговијата, која може да обезбеди подобри плати за работа во фабриките ориентирани кон извоз или земјоделство, како и за производите за широка потрошувачка кои честопати се со повисок квалитет и поевтини. Но, извозот на една земја е увоз на друга земја, а увозот може да ги расели домашните производители и да предизвика невработеност. Како резултат на тоа, доаѓа до спротивставување на слободната трговија, што пак доведува до повици за „фер“ или „управувана“ трговија во која владата игра поголема улога за ограничување на увозот, промовирање на извозот или и двете. Сличен тренд имаме и кога станува збор за информациите. Слободниот проток на идеи може да изгледа како добра работа, но во одредени случаи авторитарните влади го сметаат и како закана за нивната политичка контрола. Интернетот е балканизиран во „сплеткарнет“. Кинескиот „голем огнен ѕид“ го водеше патот, блокирајќи го пристапот до интернет-вестите и други сомнителни веб-страници, осигурувајќи се дека кинеските корисници не можат да пристапат до содржини што се сметаат за политички чувствителни. Способноста на луѓето да ги преминуваат границите во голем број традиционално беше прифатена, па дури и добредојдена. Имигрантите во Соединетите aмерикански држави се основа на економскиот, политичкиот, научниот и културниот успех на земјата. Но, последните години многу Американци започнаа да гледаат на имигрантите како на закана за работните места, јавното здравство, безбедноста или културата. Слична промена се случи во голем дел и од Европа. Сето ова придонесува за деглобализација – процес кој има и трошоци и ограничувања. Блокирањето на увозот може да предизвика инфлација, да го намали изборот на потрошувачите, да го забави темпото на иновации и да ги натера другите да се одмаздат со ограничувањата за увоз.

Блокирањето на идеите може да ја задуши креативноста и да спречи корекција на грешките во политиката. И блокирањето на луѓето на границата може да го ограби општеството на таленти и потребни работници, притоа да придонесе за мизеријата на оние што се присилени да бегаат како резултат на политички или верски прогон, војна или глад. Деглобализацијата, исто така е осудена на пропаст во одредени области. Границите не се бариери за климатските промени. Затворањето не ја заштитува земјата од ризиците од заболување бидејќи граѓаните можат лесно да се вратат дома со инфекција. Суверенитетот не гарантира ниту безбедност, ниту просперитет. Постои подобар начин да се одговори на предизвиците и заканите од глобализацијата. Ефективното и колективно дејствување може да ги исполни ризиците од заболувања, климатски промени, сајбер-напади и тероризам. Ниту една земја сама по себе не може да се осигура себеси; унилатерализмот не е сериозен пристап за водење политика. Ова се однесува на глобалното управување (не на владите). Формата на аранжманите може и треба да биде прилагодена на заканата и на оние кои се подготвени и способни да соработуваат, но не постои одржлива алтернатива за мултилатерализам. Изолационизмот не е стратегија. Ниту е негирање. Можеме да ги втриеме главите во песок како тврдоглави ноеви, но плимата ќе навлезе и ќе нè удави. Глобализацијата е реалност која не може да се игнорира или посакува. Единствениот избор е како најдобро да се одговори.

Критичарите се во право во една смисла: глобализацијата носи проблеми, но и придобивки. Обврска на општествата е да станат поотпорни. Работниците да бараат пристап до образование и обука во текот на целиот професионален и кариерен развој и да се подготвени за промените кои се појавуваат од ден на ден бидејќи новите технологии или странската конкуренција ги елиминираат тековните работни места. Општествата треба да бидат подобро подготвени и да се справат со неизбежните пандемии или екстремните временски прилики предизвикани од климатските промени. Зошто финално, глобализацијата не е проблем за решавање на владите, туку реалност со која треба да се управува.


0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *